Поранешниот
легендарен фудбалер на Рома, како и екс репрезентативец на Италија, 37
годишниот Даниеле Де Роси е назначен за нов технички тренер на селекцијата на „Аѕурите“,
со тоа што ќе му се приклучи на стручниот штаб предводен од селекторот Роберто
Манчини.
Де Роси никогаш
не ја криел желбата да почне тренерска кариера, па така поранешниот капитен на
„Римската Волчица“ сега ќе има можност која му е овозможена од куќата на
фудбалот во Италија.
„Горд сум на тоа
што ќе почнам тренерска кариера, а особено горд што тоа ќе биде со националната
репрезентација, им се заблагодарувам на претседателот Габриеле Гравина, како и
селекторот Роберто Манчини за довербата која ми ја укажаа, како и можноста да
се докажувам на ова поле“ рече Де Роси во изјавата за сајтот на италијанската
Фудбалска Федерација.
„За мене особено
е возбудливо тоа што се враќам во репрезентацијата, за мене ова значи како да
се враќам во својот дом, да соработувам со моите поранешни колеги и пријатели
во стручниот штаб, едвај чекам да почнам со обврските“ додаде тој.
Де Роси во 18
години во дресот на Рома (2001-19) одигра 459 натпревари на кои постигна и 43
погодоци, за селекцијата на Италија одигра 117 настапи, а притоа постигна 21
гол.