Траоре перфектно би се вклопил во Ливерпул, тврди Хески

by
1 минути читање

Поранешниот
напаѓач на Ливерпул, Емил Хески верува дека ѕвездата на Вулверхемптон, Адама
Траоре би се вклопил перфектно во составот на Јирген Клоп, а за оваа можност
медиумите пишуваат подолг период.

Траоре од
поодамна се поврзува со повеќе европски гиганти, а освен Ливерпул, се
споменуваа уште Барселона, но и Манчестер Сити, а се верува дека на лето
Вулверхемптон ќе ги разгледа сите понуди за својот 25 годишен офанзивец, за
кого Хески смета дека 100% би се вклопил во Ливерпул.

Сметам дека тој
би се вклопил во повеќе екипи, но 100% во Ливерпул, доколку убаво погледнете на
каков начин Ливерпул играше ланската сезона, повеќето погодоци кои ги постигнаа
беа претежно од контра напади“ тврди Хески кој во четирите години (2000-04) во
дресот на „Редсите
“ постигна 39 погодоци на 150 натпревари.

Траоре
дефинитивно би имал одлична улога во тие контра напади, а не гледам причина
зошто да немате конкуренција на повеќе позиции во тимот
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани