Коронавирусот брзо се шири во Интер, одложен мечот со Сасуоло

by
1 минути читање

Фудбалерите на
Интер нема да бидат во можност да им се приклучат на своите национални селекции
откако клубот донесе таква одлука, а сево ова доаѓа по двете нови зарази со
ковид-19 во тимот.

Интер објави дека
Стефан де Врај и Матиас Весино се новите заразени во тимот, откако претходно со
вирусот се заразија Данило Д
Амбросио и Самир Хандановиќ, а тамошните локални здравствени власти веднаш
дадоа насоки.

Фудбалерите на
Интер нема да тренираат четири денови, а донесена е одлука и за тоа што го
наведовме нешто погоре, односно нема да можат да бидат дел од своите
репрезентации во интернационалната пауза.

Интер може да
потврди дека Стефан де Врај и Матиас Весино се позитивни на последното
тестирање за ковид-19 кое се реализираше во текот на вчерашниот ден
“ се вели во
соопштението на клубот.

Локалните
здравствени власти во Милано ги дадоа следните насоки до клубот
: суспензија на сите тимски активности во
следните четири денови, вклучувајќи го воедно и денот недела, 21 март, а мечот
со Сасуоло предвиден да се одигра во сабота е одложен. Истовремено, се носи
забрана за сите фудбалери да патуваат со своите репрезентации, а во понеделник
пред да продолжиме со предвидените активности ќе бидат обавени нови тестирања

додаваат од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани