81
Кога Луис Суарез минатото лето се пресели во Мадрид, Атлетико и Барселона договорија симболична трансфер сума од 5 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.
Два бонуси се поврзани со настапот во Лигата на шампиони и на „каталонците“ им следуваа 2 милиони евра доколку Атлетико оваа сезона се пласира во четвртфинале.
Избраниците на Диего Симеоне сепак беа елиминирани во осминафиналето, па Барселона сега ќе остане покуса за 2 милиони евра. Клубот од Камп Ноу е во голема финансиска криза поради пандемијата на ковид-19, па парите сигурно ќе беа добредојдени особено откако и тие беа елиминирани уште во осминафиналето и останаа без десетици милиони.