Мбапе дел од кампањата на ПСЖ да се убеди Меси, но клубот има и други „алатки“

by
1 минути читање

Ѕвездите на
францускиот првак ПСЖ се дел од кампањата на клубот да се убеди Лионел Меси да
се пресели во нивниот тим, а се верува дека неговиот поранешен соиграч од
Барселона, Нејмар често му испраќа пораки убедувајќи го да се пресели во
француската престолнина.

Како што е
познато, договорот на Меси со Барселона истекува на лето, меѓутоа се уште не е
познато дали и дефинитивно ќе си замине од „Камп Ноу“, нешто за што изрази
намера уште лани, а според пишувањата на „Мундо Депортиво“, во убедувањето на
Меси се приклучил и Килијан Мбапе.

Освојувачот на
Светското првенство со Франција е голем обожовател на Меси, а објави и
заедничка фотографија на социјалните мрежи пред неколку денови (види фото-вест),
а истата е од двомечот во осминафиналето во Лигата на шампионите, каде ПСЖ беше
поуспешен и прогресираше во четвртфиналето.

„Му благодарам на
фудбалот за можноста која ми ја укажа да го живеам овој сон секој ден“ напиша
Мбапе на социјалните мрежи објавувајќи ја фотографијата со Меси.

Се верува дека
ПСЖ има и други алтернативни решенија во обидите да дојде до потписот на Меси,
а едно од тие е неговиот сонародник Анхел Ди Мариа, кој јавно посочи дека постои
голема шанса Меси да се пресели во ПСЖ.

Една од „алатките“
на ПСЖ секако е воедно и тренерот Маурицио Покетино, исто негов сонародник, во
кого од клубот очекуваат многу во оваа мисија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×