Роналдо фати врски и ги реши главоболките на Португалија и Сантош

by
1 минути читање

Португалија се соочи со проблеми во пресрет на стартот на квалификациите за СП 2022 откако клубовите од Премиерлигата порачаа дека нема да ги пуштат фудбалерите доколку треба да патуваат во „црвена зона“.

Па за да не остане без половина тим, Португалија со помош на Кристијано Роналдо најде решение. ЦР7 фатил врски Јувентус да го отстапи тренинг центарот и стадионот па Фернандо Сантош ќе направи база во Континаса а Португалија ќе го пречека Азербејџан на Алианц Арена.

По дуелот со Беневенто во недела, Андреа Пирло ќе им даде три слободни дена на фудбалерите кои нема да заминат на репрезентативна должност, па Португалија ќе тренира во понеделник и вторник и ќе игра во среда против Азербејџан. Шампионот на Европа потоа ќе одработи уште еден тренинг во четврток наутро и ќе замине за Србија и вториот натпревар од квалификациите, додека пак Јувентус во четврток попладне ќе продолжи со тренинзите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани