82
Утрово се појавија информации дека Жоан Лапорта е во трка со времето да ја комплетира документацијата и да обезбеди 125 милиони евра за да може и официјално да стане нов претседател на Барселона.
Рокот истекува утре, и доколку не пристигнат гаранции, Барса ќе мора да распише нови избори.
По неколку часа тензични преговори, Жоан Лапорта сепак успеа да обезбеди 125 милиони евра, документите се потпишани кај нотар и испратени до Ла Лига.
Останува да се види по која цена Жоан Лапорта ја обезбеди поддршката од компанијата Аудакс. Се очекува тие да имаат преставник во бордот на директори, но во моментов не е јасно каква функција и колкава моќ ќе добие тој. Повеќе детали ќе бидат откриени во следните денови.