Хрватите изненадени како и Македонците, и кај нив ќе нема Спорт Клуб на А1

by
1 минути читање

Се чини дека операторот А1 во сите земји во кои е на пазарот одлучил да не склучи договор со „Јунајтед медиа“ за пренесување на каналите на Спорт Клуб.

Од хрватскиот А1, Спорт Клуб ќе го снема од 29. март.

„Многу сме изненадени од одлуката на А1 за непродолжување на договорот за дистрибуција на каналите, особено имајќи во предвид дека на сите оператори им се понудени исти услови како и досега. Со нив соработувавме долги години и жал ни е што соработката не е продолжена иако од наша страна имаше добра волја до тоа да дојде“, се вели во соопштението на Јунајтед медиа.

Корисниците на А1 Хрватска се бесни како и оние во Македонија, и тие нема да можат да гледаат Премиерлига, Примера, Формула 1…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани