Шефот на
стручниот штаб на Милан тврди дека настапот во Лига Европа донел исцрпеност кај
неговите избраници, но додаде и дека постоеле многу грешки во играта на
неговиот состав на дербито со Наполи.
„Тимот беше
компетитивен, игравме против еден доста квалитетен противник, првото полувреме
беше комплицирано за нас, правевме многу грешки дури и во ситуации кога немаше
пресинг врз нас, ова беше нашиот лимит“ изјави Пиоли по дербито.
„Бевме за нијанса
подобри од Наполи на почетокот од второто полувреме, но во неколку ситуации ја
губевме топката при посед, а требаше да бидеме побрзи за да се вратиме на
предвидените позиции“ додаде тој.
„Пропуштивме
убава прилика, ова можеше да биде одлична седмица, но и добар меч не е доволен
за да се победи екипа како Наполи, сега ни претстои да се подготвиме добро за
реваншот против Манчестер јунајтед во Лига Европа, а потоа и Фиорентина“
заклучи Пиоли чии избраници одиграа 1-1 на гости во првиот меч против „Црвените
ѓаволи“ во осминафиналето од Лига Европа.