Мајката на Роналдо со дрес од Спортинг ги подгреа шпекулациите па доби интересен коментар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампиони, се појавија многу гласини за иднината на Кристијано Роналдо. Одново се пишуваше за негов трансфер во ПСЖ, а имаше и шпекулации за враќање во Реал Мадрид.

Наводно Јувентус е подготвен да го продаде за 29 милиони евра, сума со кој ќе бидат на позитивна нула, односно нема да изрази загуба во билансот.

Сега се појавија нови гласини откако мајката на Кристијано Роналдо покажа дрес од Спортинг Лисабон со името на нејзиниот син. На социјалните мрежи се појави видео од Долорес Авеиро како со пријателите ја слави победата на Спортинг над Тондела и во рацете држеше дрес од „лавовите“ со бројот 7 и името Кристијано.

Ова беше причина да се огласи и Бруно Табата, кој во моментов ја носи 7-ката во Спортинг.

„Полека Дона Долрес, Роналдо најпрво треба да ме праша дали може да го добие бројот 7“ – напиша крилото на Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани