Пандев до судијата: Ти се колнам во децата, не ја допрев топката со рака!

by
1 минути читање

Горан Пандев синоќа ја затресе мрежата на Удинесе во 8. минута, Македонецот одлично прими една топка од Стротман и прецизно биеше на првата статива.

Сепак, славјето во прв момент беше прекинато, судијата го поништи голот поради играње со рака.

Горан Пандев и фудбалерите на Џенова веднаш протестираа а ДАЗН сега открива дел од разговорот помеѓу напаѓачот и Џакомо Камплоне.

„Ти се колнам во децата, не ја допрев топката со рака… ти се колнам во децата“ – велел Пандев.

За среќа се огласи ВАР, самиот судија гледаше на повторени снимки на мониторот крај аут линијата, виде дека нема играње со рака па го призна голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани