Холандија е во групата со Македонија на Европското првенство во фудбал, а нивниот селектор најверојатно нема да може да смета на Вирџил ван Дајк.
„Тоа не е моја одлука да бидам искрен, но информацијата која ја имам во моментов е дека тие нема да играат на Европското“, вели Јирген Клоп.
„Не е дека јас не ги пуштам, не би го правел тоа, причината е природата на повредата“.
„Сите ние се надеваме тие ќе ги почнат подготовките за следната сезона со нас, се надеваме дека тоа ќе се случи. Слична е ситуацијата и со Џоел Матип“.
„Се работи за навистина сериозни повреди и сега не треба да се зборува за тоа на кое натпреварување ќе играат“.
„Секогаш сум отворен за позитивни изненадувања, но досега никој не ми рекол дека тоа може да се случи“.