Во вторникот, Порто приреди изненадување и го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо беше посочен како еден од виновниците откако лошо реагираше во живиот ѕид при клучниот гол на Порто.
ЦР7 исто така за прв пат по 16 години не постигна ниту еден гол во нок-аут фазата од Лигата на шампионите, па почнаа да кружат гласини за негово заминување од Торино.
По неколку дена молк, Кристијано Роналдо попладнево се огласи на социјалните мрежи и собра речиси 3 милиони лајка за еден час.
„Не е важно колку пати ќе паднете во животот, поважно е колку брзо ќе станете и колку силни ќе бидете… Вистинските шампиони никој не може да ги скрши! Нашиот фокус веќе е кон Каљари и битката во Серија А, кон финалето од Купт на Италија и успехот што можеме да го забележиме оваа сезона“ – напиша Португалецот.
„Вистина е дека минатото е за во музеј, но за среќа, фудбалот има меморија… исто и јас! Историјата не може да биде избришана, секој ден се испишува со издржливост, тимски дух, упорност и многу работа. И оние кои не го разбираат ова, никогаш нема да стекнат слава и успех“.