Барса и Јувентус подготвуваат нова трампа, уште поголема од претходната

by
1 минути читање

Минатото лето, Барса и Јувентус направија размена со која Миралем Пјаниќ се пресели на Камп Ноу а Артур Мело на Алианц Арена во Торино. Медиумите од Италија сега пишуваат за можноста двата клуба да направат нова трампа, која ќе биде поголема од претходната.

Кориере дело Спорт вели дека Пауло Дибала ќе биде понуден на Барселона, а Јувентус за возврат ќе го побара Антоан Гризман. Весникот додава дека зделката не е лесна, но не е и невозможна.

Јувентус исто така има и втора опција, односно да го понуди Пауло Дибала на ПСЖ во замена за Мауро Икарди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани