63
Лампард во соблекувалната имаше закачено листа со парични казни, колку треба да платат фудбалерите ако прекршат некое правило воспоставено од него.
Тухел ја тргна ваквата листа, и не само тоа, Германецот промени и некои други работи како останување во хотели по натпревари, сега играчите имаат повеќе време да бидат со своитие фамилии.
Строгиот режим на Лампард го замени со негов мек базиран на доверба на фудбалерите, а тие засега му враќаат со доби игри и резултати.
„Не бев свесен за казните. Но јас им верувам на луѓето, верувам дека тие нема да доцнат бидејќи оваа група е како фамилија. Мојот стил повеќе е да ја стекнам довербата и да креираме вредности отколку да поставувам правила и казни“, изјави Тухел.