Спортскиот
директор на ПСЖ, Леонардо одбива да ја отфрли можноста клубот да тргне по
потписот на Кристијано Роналдо или Лионел Меси, меѓутоа инсистира на тоа дека
францускиот првак во моментов не води преговори со ниту еден од двајцата.
Меси на лето е
слободен играч со оглед на фактот што му истекува договорот со Барселона,
додека пак Роналдо има активен договор со Јувентус до идната година, меѓутоа се
верува дека италијанскиот првак би можел да го продаде претстојното лето за 29
милиони евра.
„ПСЖ постојано ја
мониторираат ситуацијата со секој фудбалер, тука говориме за фудбалери од
висока класа, а сите тие се поврзуваат со нашиот клуб од страна на медиумите, а
тоа е добро“ вели Леонардо во изјавата за „РМЦ Спорт“.
„Ние можеме
постојано да разговараме за големите фудбалери кои сакаат да дојдат, тоа е
нешто на што треба да му дадеме приоритет“ додава тој.
„Како и да е, во
моментов не сме во преговори со ниту еден од претходно наведените двајца
фудбалери“ заклучи Леонардо.