70
Хари Кејн во финишот од мечот против Динамо Загреб беше заменет, веднаш му беше ставена кеса со мраз на коленото, а таквата снимка ги загрижи фановите пред неделното големо дерби против соседот, Арсенал.
Сепак Мурињо верува декка Кејн ќе бде фит за мечот со топчиите.
„Се надевам и верувам дека ќе настапи против Арсенал. Тоа е голем натпревар и само голем проблем може да го сопре да не игра на него. Ќе ја видиме реакцијата на тренинг, но сигурен сум дека ќе биде добар“, изјави Мурињо.