Интерните шеги во тимот на Тотнем, станаа интересни и за јавноста. Француското трио Муса Сисоко, Серж Орие и Танги Ндомбеле се нарекоа француска мафија.
Па брзо потоа одговорија Велшаните кои формираа велшка мафија составена од Герет Бејл, Бен Дејвис и Џо Родон.
На една слика со велшаните се појави и Лукас Мура, па некои прокоментираа дали и тој е дел од Велшката мафија, одговор добија од Бејл на официјалниот твич канал на Тотнем.
„Сон во основа е Велшанец за нас. Малку сме разочарани поради сликите од нас тројца и Лукас, но Сони треба да биде четвртиот човек“, вели Бејл и објаснува.
„Знаевме за мафијата Муса, Серж и Танги – Ла Мафија. Па одлучивме да креираме Велшка мафија, но оригиналната Велшка мафија има четворица членови, па поради тоа и Сон е со нас“.