Шефот на
стручниот штаб на Милан, Стефано Пиоли не крие дека е импресиониран од
изданието на Манчестер јунајтед, а воедно и победата во дербито против
Манчестер Сити изминатиот викенд, а објасни зошто пресметката на „Олд Трафорд“
не е своевидно финале.
Милан утре
гостува кај Манчестер јунајтед во првата пресметка помеѓу овие два клуба во
осминафиналето од Лига Европа, а букмејкерите му препишаа голема фаворитска
улога на домаќинот.
„Ова не е финале,
постојат многу клубови во трката, ова ќе биде еден меч од исклучително значење
помеѓу два историски клуба, со одлично и големо минато зад себе, работиме
напорно да се вратиме на старите победнички патеки, работиме на тоа да ги
исполниме нашите соништа“ вели Пиоли.
„Бев
импресиониран од победата на Манчестер јунајтед, го гледав дербито, победникот
сосема заслужено славеше на крајот против една фантастична екипа која немаше
загубено натпревар во низа 20 или 21 натпревар, добро го простудиравме тој меч“
додаде искусниот италијански фудбалски стратег кој на прашањето дали би се задоволил
со реми, одговори дека посакува позитивен резултат.
„Натпреварите
треба да се играат со голем ентузијазам и посветеност на теренот, позитивен
резултат од утрешниот меч ќе ни донесе мотивација за реваншот, патот е долг, а
треба да се соочиме со него со ентузијазам покрај нас“ заклучи Пиоли.