70
Јувентус е
елиминиран од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите, а многумина
вината за таа рана елиминација на „Старата дама“ ја гледаат во првата ѕвезда на
таа екипа, Кристијано Роналдо.
Првично станува
збор за грешката на Португалецот при слободниот удар на Оливеира кој биеше
прецизно под живиот ѕид, а Шчесни немаше никакви шанси откако живиот ѕид
целосно потфрли на чело со Роналдо кој при ударот се сврте со грб, а топката
мина и крај неговите нозе.
„Предадени од
Роналдо“, напиша на насловната „Кориере дело Спорт“ по елиминацијата на
италијанскиот првак во Лигата на шампионите, ставајќи акцент на Португалецот
како главен виновник.