218
На Барселона ќе и
биде потребно чудо за да избори место во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, ПСЖ е мотивиран, но и веројатно подобар во повеќе аспекти од играта
во однос на Каталонците.
Вечерва (21,00) се игра
реванш пресметката помеѓу обата тима, а навивачите на францускиот првак во
четири часот наутро ги разбудија гостите со огномет близу хотелот каде престојуваа, не дозволувајќи им мирен
сон во пресрет на мечот, а ова го практикуваат речиси сите навивачи ширум
светот.