Иднината на Рафаел Варан се чини дека не е во Реал Мадрид. Тој сакаше да го напушти клубот уште во 2019 година, а се чини дека тоа ќе се случи ова лето.
Тој се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид, а тоа е сериозен знак дека не планира да остане во клубот.
Неговиот договор истекува во 2022 година и Реал Мадрид ќе мора да го продаде на лето доколку сака да заработи на неговото заминување, потоа би го изгубиле како слободен играч.
Клубот е подготвен за продажба на Варан, се очекува да има интерес за дефанзивецот, па Кралевите очекуваат да добијат добри понуди и покрај тоа што тој има само уште една година од актуелниот договор.
Варан во Реал Мадрид пристигна во 2011 година на 18 годишна возраст, таму е десет години и смета дека е дојдено време за промена.
Но не е само Варан, непозната е и иднината на Серхио Рамос на кој договорот му истекува во јуни.