На почетокот од второто полувреме од мечот меѓу Борусија Дортмунд и Севиља се случи интересен момент.
Беше покажан пенал за Дортмунд кој го промаши Халанд па голманот Боно со многу емоции почна да се радува и да му вика нешто на Халанд во лице.
Но ВАР покажа дека голманот на Севиља не газел на линијата, па Халанд доби втора шанса да реализира од белата точка. Овој пат тој даде гол, па на ист начин му врати на Боно, со викање во лице.
„Промашив и Боно ми се исмејуваше во лице. Па добив втора шанса, постигнав гол и тој повеќе не се смееше. Кога тој ми се дереше во лице по првиот пенал, си помислив, подобро да дадам уште еден гол, и тоа се случи веднаш. Ова е нормално во овој свет. Не знам што кажав кога викнав кон него, ги кажав само истите зборови кои тој ми ги кажа мене. Па не знам што значи тоа“, изјави Халанд.
Ситуацијата со Боно и Халанд можете да ја видите ТУКА.