Гвардиола: Ќе го победиме Саутемптон со 18-0

by
1 минути читање

Утре Манчестер Сити игра против Саутемптон меч од Премиерлигата. На денешната прес конференција Гвардиола беше прашан дали во пресрет на овој дуел го зема во предвид фактот што нивниот противник има два порази од по 9-0.

Пеп Гвардиола луто реагираше и изјави: „Резултатот ќе биде 18-0! Какво прашање е ова?“.

„Манчестер јунајтед постигнале девет гола бидејќи 89 минути играле 10 против 11? Мислиш дека оваа игра е шега?“.

„Ние ќе се обидеме да го добиеме мечот и да ги освоиме трите бода, тоа е се“.

„Јас сум голем фан на Саутемптон и начинот на кој тие играат. Гледам квалитет во она што тие го прават, овој меч ќе биде уште еден тест за да одиграме добро и да победиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани