Пристигна првото НЕ за наследник на Јоаким Лев

by
1 минути читање

Фудбалската федерација на Германија утрово соопшти дека Јоаким Лев заминува по Европското првенство. „Панцерите“ сега ќе бараат нов селектор и веќе пристигна првото НЕ.

Јулијан Нагелсман е првиот тренер кој изјави дека не е заинтересиран за столчето на „панцерите“.

Предводникот на РБ Лајпциг на денешната прес конференција пред дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите, кратко и отсечно одговори „НЕ“ на прашањето дали може да го наследи Јоаким Лев.

За можноста неговиот утрешен противник, Јирген Клоп да стане нов селектор на Германија, тој вели: „Клоп е извонреден тренер, но мислам дека и тој и Ливерпул се задоволни од соработката која ја имаат. Сепак ова не е прашање за мене, ова е прашање за Јирген и за луѓето од федерацијата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани