Вернер неколку пати влезе во шанса, беше и еден на еден со Пикфорд, но не успеа да даде гол. Напаѓачот како да се загуби на теренот.
Според договорот со Тухел, Вернер треба да игра на десната страна, а тој цели 15 минути бил на левата што го збесна тренерот на Челси. Микрофоните покрај теренот открија како германскиот стратег го караше својот сонародник.
„Тимо, колку долго играш на лева страна? Ти треба да играш на десната. Веќе 15 минути играш лево. Нели разбираш?“, му довикуваше Тухел на Вернер.
Only good thing about empty stadiums is hearing what managers say & Tuchel was having none of Werner:
“Timo, how long are you staying on the left? You’re playing on the right! The last 15 mins you’ve only been on the left! Don’t you understand?”
— Taísto (@TaistoFCB) March 8, 2021