Интер се врати на +6 на врвот откако вечерва со 1-0 ја совладаа Аталанта, па неизбежно беше прашањето за Скудетотот.
„Скудетото го имам во џеб? Не, во џеб имам 40 евра, полнев бензин и толку ми останаа“ – рече Антонио Конте со насмевка на лицето.
„Но победата е многу важна, се вративме на +6. Игравме под притисок откако Милан и Јувентус победија. Успеавме да освоме три важни бода против одличен тим, кој според мене има квалитет да се бори за титулата“.
Интер стигна до победата иако упати само еден удар во рамките на голот, оној со кој Шкрињар ја затресе мрежата.
„Точно е дека упативме само еден удар, но имавме уште неколку добри прилики кои не ги завршивме како што треба“.
„Имавме одличен баланс помеѓу нападот и добраната, играчите знаеа кога треба да напѓаат а кога да седат назад“.
„Секој знае кога треба да ја стави личната слава на страна и да одработи за тимот. Морам да му аплаудирам на Лаутаро, го замолив да се жртвува во одбрана а потоа да прави притисок напред. Сите момци се целосно посветени, знаат дека мора да се жртвуваат за да победат“.