123
Герет Бејл игра како препороден на последните натпревари за Тотнем, а Жозе Мурињо вели дека тој и останатите во клубот само му ја дале потребната поддршка, а самиот фудбалер ја урнал психолошката бариера која постоела.
„Не е дека ние го предизвикавме него или нешто слично. Ние само му дадовме поддршка“, вели Мурињо за „АС“.
„Видов психолошки лузни во него. Кога во неколку сезони имате повеќе повреди, важната работа не се само мускулните лузни, туку и оние психолошките кои ви носат страв и нестабилност“.
„Има момент кога работите добро и сите околу вас ви даваат поддршка до максимум. Во тој момент психолошката бариера се руши“.
„Бејл го направи токму тоа. Тоа е негова заслуга, не е наша“.