Во изминатите неколку натпревари Герет Бејл покажува зошто Мурињо сакаше да го ангажира. Велшанецот синоќа постигна два гола и одигра одличен меч.
„Уживав многу, затоа сум тука. Нашите офанзивни фудбалери се неверојатни. Не само оние кои играа, туку и оние кои се на клупата. Сите заедно се бодриме и убаво е кога ќе освоите три бода“, вели Бејл.
„Има голема борба местата на табелата, па треба да продолжиме да работиме напорно, сега сме во добар момент. Ја вративме самодовербата и се надевам дека ќе продолжиме така“.
„Кејн е фантастичен напаѓач. Тоа повторно го покажа. Толку е постојан, среќни сме што го имаме тука“.
„Што се однесува до мојата форма, се чувствувам добро. Понекогаш ми е потребно време, но доволно сум искусен за да бидам трпелив. Времето ќе покаже дали ќе можам да се вратам во најдобра форма, но веќе немам 21 година. Се што можам да направам е да продолжам да работам напороно на секој натпревар“.
„Со текот на времето вашето тело се менува. Ја немате младоста во која брзо се опоравувате по 90 минути трчање, но го учите вашето тело и тоа сега го правам“.