Со по два гола на Бејл и Кејн, Тотнем го победи Кристал Палас и ги одржа шансите за пласман меѓу четирите најдобри во Премиерлигата.
Четвртиот гол на Тотнем беше вкупно 100ти оваа сезона за тимот на Мурињо во сите натпреварувања, од петте најдобри лиги само Баерн Минхен има повеќе, 106.
Мурињо често е критикуван за дефанзивен пристап во натпреварите, па Португалецот оваа статистика со задоволство ја истакна.
„Доколку статистиката која ми ја дадоа е точна, постигнавме 100 гола досега оваа сезона, што за многу дефанзивен тим, многу негативен тим, не е лошо“, изјави Мурињо.
„Ова беше добра недела за нас. Три натпревари, девет бода пред следната недела во која играме важен меч во Европа а потоа против Арсенал, ништо не може да биде подобро за нас од тоа да освоиме девет бода на последните три меча“.
Мурињо вели дека не ја гледа табелата и не размислува дали ќе завршат во топ четири, најважно му е да победуваат.
„Не знам, навистина не размислувам за тоа. Не можам да ги контролирам другите тимови. Не можам да контролирам што ќе се случува на нивниите натпревари, ние можеме само да се обидеме да освоиме најмногу бодови што можеме“.
„Да се обидеме да победиме на најмногу мечеви што можеме, да освоиме најмногу поени што можеме, ако е возможно тоа да го правиме со добра игра, ако е возможно да не примиме многу голови, ако е можно да постигнуваме повеќе голови, и на крајот ќе видиме што ќе се случи“.
„Треба само да работиме, да бидеме заедно во тешките периоди како што бевме“.