Барселона денеска избира нов претседател а на гласање излезе и Лео Меси, потег кој ја разбранува јавноста. Нормална работа е капитенот на Барселона да излезе на гласање, но во случајот на Аргентинецот се работи за повеќе од глас.
Лео Меси минатото лето испрати итен допис и побара да замине од Барселона беспари, фудбалерот се повика на клаузулата која му овозможува да го раскине договорот.
И покрај тоа што Бартомеу не му ја исполни желбата, се шпекулираше дека Лео Меси е решен да замине и ништо нема да го спречи во намерата.
Сепак, денешниот потег покажува дека се уште е привизан за клубот и инволвиран во случувањата. Исто така, доколку Лео решил да замине, сигурно не би се замарал со гласање.
Очигледно ситуацијата е промената, Лео Меси е подготвен да остане и денешното гласање е покана до новиот претседател да му се јави и да му презентира атрактивен проект.