Кевин Де Брајне во дресот на Манчестер Сити се промовираше во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред, но неговата прва авантура во Англија не помина добро.
Тој имаше шест лоши месеци на Стемфорд Бриџ под водство на Жозе Мурињо и само три настапи во Премиерлигата.
„Имаше многу приказни во весниците за мојот однос со Жозе Мурињо. Но вистината е дека јас зборував со него само два пати“ – вели Де Брајне.
„Во декември месец ми се јави Жозе и ме повика во неговата канцеларија. Ова веројатно беше вториот момент кој ми го промени животот. Имаше некои листови пред него и ми рече, „Една асистанција, нула погодоци. Десет освоено топки“. Ми требаше некоја минута за да разберам што прави. Потоа почна да ми ја чита статистиката на другите офанзивни играчи: Вилијан, Оскар, Мата и Ширле“.
„И почна да ми кажува, овој има пет гола, 10 асистенции итн. Жозе чекаше да му кажам нешто и на крајот му одговорив, „Но… дел од овие момци имаат настап на 15, 20 натпревари. Јас имам само три одиграни меча, па сигурно не може да биде иста, така?“ Беше многу чудно. Бев искрен и му кажав, „чувствувам дека клубот не смета сериозно на мене, не ме сака, па подобро да ме продадете бидејќи сакам да играм фудбал““.