Арсенал добро го почна мечот, Обамејанг постигна гол уште во шестата минута, но по една катастрофална грешка на Џака во 39. минута, Вуд изедначи на 1-1.
И двете екипи имаа големи шанси за победа, но она за кое може да биде бесен Арсенал е една судиска одлука.
Клучниот инцидент се случи во 75. минута кога Питерс двапати играше со рака, таа не му беше во природна положба на телото, но ниту судијата, ниту ВАР не сметаше дека тука има пенал.
Малку подоцна за друг инцидент беше досудедн пенал за Арсенал и црвен картон за играч на Барнли, но тогаш ВАР ја промени одлуката откако виде дека топката го погоди во рамо противничкиот играч.
Во 94. минута Себаљос ја погоди и стативата од голот на Барнли, топката едноставно не сакаше да влезе.
Најинтересните моменти од мечот: