Ауди ги продава автомобилите на фудбалерите на Реал Мадрид, одат како алва

by
1 минути читање

Ауди е спонзор на Реал Мадрид, па фудбалерите секоја година си дoбиваат нов модел. Оние старите одат на продажба и германскиот производител оваа недела ги огласи автомобилите кои „кралевите“ ги возеа до минатиот месец.

Очигледно интересот е голем, не само што автомобилите имаат мала километража, туки носат и одредена доза на сентименталост со оглед на тоа дека биле возени од фудбалските миленици.

Ауди А8 моделот на Серхио Рамос веднаш доби нов сопственик исто како и Ауди Q8 моделот на Еден Азар. Продаден е и Ауди Q7 моделот кој го возеше Лука Модриќ а нови сопственици имаат и автомобилите на Касемиро (Ауди Q7), Валверде (Ауди Q8) и Лукас Вазкез (Ауди Q8).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани