Манчестер Сити –
Манчестер јунајтед, во недела со почеток од 17,30 часот се игра дербито на 27
коло во англиската Премиерлига, каде домаќинот извесно е дека со победа би
можел да ги реши сите дилеми во однос на титулата, а гостинот при евентуално
изненадување, односно победа, би можел колку-толку да внесе неизвесност до
крајот.
Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер признава дека градскиот
ривал има и повеќе од солидна предност на табелата, но додава дека споредбено
со ланската сезона, оваа, неговиот тим е скалило погоре.
„Тоа што другите
екипи го прават, ние едноставно не можеме да го контролираме, Манчестер Сити е
пред нас со една доста солидна разлика, а недела е ден кога ќе пред себе ќе
имаме добар тест против еден навистина добар тим“ изјави Солшер во пресрет на
големото дерби.
„Манчестер Сити е
единствениот тим пред нас на табелата, ќе се обидеме да анулираме дел од
негативата во однос на бодовите, да дојдеме поблиску до нив, имаат фантастична
низа од 21 победа, ние имаме 21 гостински натпревар без пораз, еден рекорд ќе
биде срушен со овој меч, ајде да видиме кој ќе биде тоа“ додаде тој.
„Претстојат уште
11 натпревари, претходно постојано велев дека треба да дојдеме до март или
април пред да говориме за титулата по 18 или 19 одиграни кола, имаме убава
можност да се подобриме, секако дека подобра е оваа позиција отколку ланската,
сите сакаат да победуваат, исто и ние, но доколку ја споредите нашата ланска
сезона со оваа, овој пат сме едно скалило погоре“ заклучи Норвежанецот.