Тешко дека некој
очекуваше ваков развој на настаните во Премиерлигата, особено со Вест Хем,
екипа која бележи одлична сезона зад себе, а има дури и можност за пласман во
Лигата на шампионите.
Пофалбите секако
одат на сметка на Дејвид Мојс, кој ги предводеше „Чеканите“ до 13 победи, 6
ремија и 7 порази сезонава во Премиерлигата, па првичната цел за опстанок во
елитното друштво е веќе реализирана, а амбициите сигурно сега се на повисоко
ниво, па дури и место во Лигата на шампионите за идната сезона, за што и самиот
Мојс најавува дека ќе претстои борба до крајот.
„Се надевам дека
ние сме едни од посериозните кандидати за место во топ четирите екипи, ние не
се шегуваме со никого кога велиме дека имаме шанси за таков успех сезонава, со самата
посветеност на моите фудбалери тоа е можно, воопшто не би ме изненадил таков
епилог“ изјави Мојс во пресрет на дуелот со Лидс на домашен терен во 27 коло.
„На почетокот,
доколку ми го дадовте пласманот во топ десет ќе реков ‘ви благодарам многу’, тоа би било одлична сезона за Вест Хем и би се
потврдил прогресот кој е веќе направен во клубот, не треба да го заборавиме
фактот дека постои прогрес, што е најважно во моментов, но нашата позиција на
табелата во моментов е неверојатна, се надевам дека ќе останеме таму, ќе се
обидеме, не можам да им ветам таков исход на навивачите, но можам да им ветам
дека ќе се обидеме“ додаде Мојс.