Канте откри дека го одбил Тухел

by
1 минути читање

Томас Тухел сакал да го донесе Нголо Канте во ПСЖ но Французинот одбил да се пресели во Париз. Судбината сепак сакала овои двајца да соработуваат, фудбалерот од средниот ред сега игра под водство на Германецот во Челси.

„Во минатото имаше одреден контакт со ПСЖ кога тој беше нивен тренер, но не сакав преселба во Париз. Ништо не се случи бидејќи бев среќен во Челси и останав тука. Не сум разговарал со Тухел на оваа тема“ – вели Французинот.

Во последните неколку натпревари, Нголо Канте игра како последен играч во редот за врска покрај Ковачиќ или Жоржињо и потсети на играчот од шампионските денови на Лестер.

„Имам играно многу на оваа позиција, во Лестер но и репрезентацијата на Франција. Не само што ова е најдобрата позиција за мене, исто така тука можам да бидам и најкорисен за тимот. Добро е што играм покрај играч кој останува назад кога јас одам напред, или обратно, јас останувам назад кога тој оди напред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани