Ако Фернандеш замине да игра за Португалија, кога ќе се врати во Англија треба да помине 10 дена во карантин и иќе пропушти два меча за Манчестер јунајтед.
Португалија се наоаѓа на црвената листа во Велика Британја за ковид-19 и луѓето кои пристигнуваат од таму мора да одат во карантин.
Поради пандемијата, ФИФА им дозволува на клубовите во вакви случаи да не ги пуштат своите фудбалери да играат за репрезентациите, а Манчестер јунајтед веројатно ќе го искористи тоа за случајот со Фернандеш.
„Не сме седнале и да донесеме конечна одлука за тоа, но нема смисла да загубиме фудбалер поради десетневна изолација“, вели Солшер.
„Ние сме оние кои ги плаќаме фудбалерите и од тоа што го знам имаме дозвола од ФИФА да ги задржиме. Па тешко дека ќе ги пуштиме играчите кои се на црвените листи“.
„Се разбира дека сакам Бруно да игра, секој натпревар ни и важен“.
Акок Бруно Фернандеш игра за Португалија, тој ќе ги пропушти мечевите против Брајтон на 3. апрл и дербито со Тотнем на 10. април.