171
Промашените пенали на Ибрахимовиќ му овозможија на Кеси да покаже каков изведувач на пенали е, тој тоа го користи максимално.
Вечерва во 97. минута без никаква трема го изведе пеналот кој го спаси Милан од пораз против Удинезе.
„Пеналите не се лесни“, рече Кеси по мечот.
„Кога ќе изведувате пенал не смеете да чувствувате страв или несигурност, во спротивно ќе погрешите“.
„Јас не се исплашив и постигнав гол“.