Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте наводно побарал од клубот да го
ангажираат фудбалерот на Ливерпул, Вајналдум, кој на лето би можел да биде
слободен играч на трансфер пазарот доколку не ја продолжи соработката со
англискиот првак.
30 годишниот
Вајналдум има договор со „Редсите“ до претстојното лето, а претходно се
поврзуваше со можен трансфер во Барселона, а повеќе од јасно е дека нема да
продолжи во составот на Премиерлигашот.
Во Италија
известуваат дека агентот на Вајналдум веќе стапил во преговори со директорите
на Интер, а преговорите наводно активно траат веќе неколку седмици.
Се верува дека
Холанѓанецот бара четири годишен договор од „Нероаѕурите“, со годишна плата од
10 милиони евра.