74
Полицијата синоќа изврши рација во канцелариите на Барселона на Камп Ноу и го приведе поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу и уште три други лица.
Откако ноќта ја помина во полициска станица, Жозеп Мариа Бартомеу утрово беше изнесен пред судија и пуштен на условна слобода.
Исто така, „Барсагејт“ стана „Бартогејт“, односно Барселона како институција нема да одговара, таа е оштетена странка во случајот и истрагата е насочена кон Жозеп Мариа Бартомеу и неговата десна рака Хауме Масферер.
Двајцата се сомничат дека работеле несовесно и направиле криминал со милионите платени на неколку компании кои требале да го подигнат рејтингот на раководството на социјалните мрежи но и да ги оцрнат противниците.