Бекам цели високо, во својот тим сака да донесе некој од Меси или Роналдо

by
1 минути читање

Синоќа Интер Мајами ги почна подготовките за новата сезона во МЛС, Дејвид Бекам е амбициозен сопственик на клубот кој сака да напредува.

За новата сезона е ангажиран и нов тренер, Фил Невил кој претходно беше селектор на женската англиска репрезентација, сега го предводи Интер Мајами.

Запрашан дали има интерес да потпише со некој од Меси или Роналдо бидејќи и двајцата играчи имаат кажано дека би сакале да одиграат некоја сезона и во САД пред да се пензионираат, Бекам рече: „Без сомнениие, тоа се тип на фудбалери кои сакаме да ги донесеме во нашиот клуб“.

„Мислам дека фановите навистина би го сакале тоа. Но знаете, како сопственици, ние сакаме фудбалерите тука да имаат желба за победа, за освојување и тоа е нашиот приоритет“.

„Со ангажманот на Блејс Матуиди и Гонзало Игуаин мислам дека додадовме гламур на тоа што овој клуб е“.

„Во иднина сакаме да донесеме и други големи имиња, како што ги спомнавте Меси и Роналдо. Тие се на врвот во последните 15 години поради нивната напорна работа“.

„Но треба да учиме и од примерот на Сер Алекс Фергусон кој беше мастер. Тој не ги ангажираше најдобрите фудбалери во светот. Не можеше секогаш да донесе топ фудбалер. Туку тој ги носеше вистинските фудбалери за клубот“

„Тоа сакам и јас да го правам во овој клуб, да ги носиме вистинските фудбалери со кои можеме да го движиме клубот напред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×