Манчестер Сити има 20 победи по ред, нешто што претходно не му успеало на ниту еден клуб. Но и покрај фантастичната серија и големата разлика на врвот, со Пеп Гвардиола нема опуштање, тој вели дека постојано бара повеќе од неговите фудбалери.
„Не можеме да се релаксираме ниту секунда. Секогаш можеме подобро… тоа е целта“, вели Гвардиола.
„Колку повеќе победуваме и остваруваме резултати, толку повеќе треба да бараме од нашите фудбалери и да велиме дека можеме подобро“.
„Ова е момент кога ако почувствувам дека некој фудбалер смета дека работата е готова или колку сме добри, тој нема да игра“.
„Имам добра интуиција. Точно знам кога некој не е подготвен да го продолжи тоа што треба да го правиме. Реков и претходно, шампион е Ливерпул, за ние да станеме ни требаат уште осум, девет или десет натпревари, а тоа е многу“.
„Како што на Ливерпул му се случува да падне на неколку натпревари, може да ни се случи и нас. Тоа го видовме и минатата сезона и на почетокот од оваа, не можевме да победиме три меча во првите два месеци. Не смееме да се опуштиме“.