78
Бејл имаше лош почеток на враќањето во Тотнем, но во последните неколку натпревари покажува каков играч може да биде.
Особено блесна на мечот од Премиерлигата против Барнли на кој даде два гола и имаше една асистенција.
Бејл има уште една година од договорот со Реал Мадрид, но кралскиот клуб сака да го продаде престојното лето за да се ослободи од неговата висока плата, со цел да ослободи средства за друго скапо засилување.
Тотнем сака да го искористи тоа и комплетно да го откупи Бејл кој изјави дека е среќен во клубот од Северен Лондон.