84
Полиција утрово влезе во канцелариите на Барселона како дел од истрагата „Барсагејт“, беше уапсен поранешниот претседатеал Жозеп Мариа Бартомеу како и сегашниот генерален извршен директор Оскар Грау како и првиот човек на правната служба Рамон Гомез Понти.
Медиумите од Шпанија велат дека биле прекинати ВПН врските кои ги користеле луѓето кои работат од дома, а оние кои работат во канцеларија добиле забрана да пристапуваат до работните позиции.
Барселона се огласи, најави целосна соработка со судот и полицијата за да се расчистат фактите и побара да се запази пресумпцијата на невиност на луѓето кои се под истрага.
Comunicado del FC Barcelona pic.twitter.com/EIMFeuPqJV
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 1, 2021