Алиоски бара нов клуб, нема да продолжи во Лидс

by
1 минути читање

Според „Фудбал Инсајдер“, Алиоски преговарал со Лидс за нов договор, но двете страни не нашле заеднички јазик и соработката нема да биде продолжена.

По неуспешните разговори со Лидс, Алиоски им кажал на своите претставнци да почнат да му бараат нов клуб.

Алиоски во декември рече дека би сакал да остане во Лидс, а има и голема минутажа кај Биелса кој има пофалби за нашиот фудбалер.

Сепак преговорите меѓу Лидс и Алиоски завршиле неуспешно и веројатно следната сезона нема да имаме фудбалер во Премиерлигата.

Алиоски во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со Галатасарај. Бидејќи неговиот договор истекува по крајот на сезоната, тој веќе слободно може да преговара со други клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани