Милан не успеа да ја победи Црвена звезда во ниту еден од двата натпревари, но поради гол повеќе во гости оди во осминафиналето.
Малку фалеше Црвена звезда уште еднаш да направи сензација со играч помалку, белградскиот тим имаше шанси, а кога истекуваше судиското продолжение имаа и корнер, но судијата свирна крај и не им дозволи да го изведат. Фудбалерите и стручниот штаб на Звезда беа бесни на таквата одука.
Милан поведе уште во деветата минута со гол од пенал на Кеси, но веќе во 24. минута Бен изедначи на 1-1.
Во 70. минута Гобељиќ заработи втор жолт картон, но ниту тогаш Звезда не се откажа, продолжи да напаѓа и да бара втор гол. Сепак Милан се провлече.
Црвена звезда одигра храбар меч и навивачите на овој тим треба да бидат горди со изданието на фудбалерите и покрај елиминацијата.