Антонио го загуби трпението со Англија, ќе настапува за Јамајка

by
1 минути читање

Напаѓачот на Вест
Хем, Михаил Антонио според неофицијалните информации има во план во иднина да
настапува за селекцијата на Јамајка, за да се најде на Светското првенство кое
е на програмата идната година.

Сево ова доаѓа
откако напаѓачот постојано беше изоставуван од страна на Сем Алардајс, но и од
Герет Саутгејт, па се верува дека тој веќе го загуби трпението чекајќи да се
докажува во селекцијата на „Гордиот Албион“, па така ќе продолжи со Јамајка, од
каде има и државјанство.

Антонио претходно
ја одби Јамајка да настапи со таа селекција во 2016 година, па иако беше
повикуван од страна на Алардајс и Саутгејт, не доби прилика да дебитира за
Англија.

„Телеграф“ сега
пишува дека Антонио ќе ја прифати последната покана на Јамајка, а со тоа
првично ќе биде на располагање и за квалификациите во септември против Мексико
и Костарика.

Оваа сезона поради повреда Антонио пропушти дури девет меча, меѓутоа и во таква ситуација, со 16 настапи успеа да запише 6 погодоци, но и три асистенции во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани