Анри го напушти Монтреал, се враќа во Лондон

by
1 минути читање

Поради пандемијата, Монтреал од Канада лани мораше да се пресели во САД и таму да функционира со месеци со што Анри беше оделен од фамилијата.

И оваа сезона требаше да биде нешто слично, па Анри реши со фамилијата да се вратат во Лондон.

„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Минатата година ми беше екстремно тешка. Поради светската пандемија не можев да ги гледам моите деца. За жал рестрикциите остануваат. Со тага ја донесов одлуката со фамилијата да се вратиме во Лондон и да го напуштам Монтереал. Би сакал да им се заблагодарам на фановите, фудбалерите и целиот персонал на овој клуб кој направи да се чувствувам како дома“, изјави Анри.

Французинот во ноември 2019 го презема клубот и за првпат по четири години успеа да го пласира во плејофот. Тие дојдоа и до четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Се шпекулираше дека Борнмут сака да го ангажира Анри, но тие решија да го именуваат Џонатан Вудгејт за перманентен тренер. Нејасно е која ќе биде следната дестинација на Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани