ЕВРО 2020 треба да се игра ширум Европа, 12 градови да бидат домаќини на континенталниот собир. Но поради пандемијата на коронавирус, често се говори дека ова сценарио нема да може да се реализира.
Новнарот Танкреди Палмери денеска објави дека Европското првенство најверојатно ќе се игра во една земја, односно Англија.
BOOM!
Euro2021 very likely to be played solely in England as UEFA are opting for the one hosting country format and England is the one they believe being in best position to do so.
Decision expected to be taken within mid-April
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 25, 2021
Сепак извори од УЕФА за Сан брифираат дека се уште ништо не е решено, во моментов планот е да се игра фудбал во 12 градови и денеска била одржана видео конференција на која се разговарале повеќе детали.
Eвропската куќа на фудбалот ќе калкулира со одлуката до последен момент бидејќи во прашање се милиони. Не само што ќе треба да се враќаат пари на навивачи кои купиле билети но не се во можност да присуствуваат на натпреварите поради здравствени или безбедносни причини, доколку ЕВРО 2020 се игра во една земја, ќе треба да се плати обесштетување и на градовите кои требаше да бидат домаќини.
Се очекува сликата да биде појасна на почетокот од април или на средината од април.